Леопард повредил шест луѓе, откако влегол во едно основно училиште во индискиот град Бангалор.
Повредени биле вработени во училиштето и за среќа за време, на инцидентот немало настава и деца не се повредени.
Меѓу повредените се и двајца ветеринари и еден телевизиски снимател, кој дошол да го сними животното, кое било забележано на безбедносните камери.
Ловот по агресивниот леопард траел цели 10 часа, а видео снимките покажуваат и како дивата мачка се бори со еден од вработени покрај училишниот базен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.