| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 12 кривични за тимот на СЈО, досега се поднесени 19 пријави за малтретирање

soba za isprasuvanjeНови 12 кривични пријави се поднесени поврзани со работата на до Специјалното јавно обвинителство. Пријавите се доставени до скопското јавното обвинителство против вработени во СЈО. Поднесени се од повеќе физички лица за сторено кривично дело- малтретирање при вршење на служба.

Со овие пријави, бројот на пријави поднесени против лица од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева изнесува 19.

Во своите изјави за медиумите Јанева не отстапуваше од ставот во текот на постапките нејзините обвинители постапуваат согласно законските процедури, а подносителите на пријавите ќе треба да ги докажат своите тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top