| четврток, 6 декември 2018 |

На еден шалтер ќе се добиваат документи

Граѓаните само преку еден шалтер ќе можат да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција. Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи е усвоен на вчерашната седница на Владата

Уверенија, сертификати, потврди кои се издаваат од надлежен орган кој води службена евиденција, ќе се издаваат  само преку еден шалтер, соопшти Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Македонија.

aleksandar gorgiev

Ова се документи што служат за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските и правните интереси на странките.

Граѓаните само преку еден шалтер ќе можат да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција. Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи е усвоен на вчерашната седница на Владата.

– Со донесувањето на предложениот закон ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност што, пак, ќе овозможи поефикасна и поедноставна управна постапка, а ќе ги намали административните бариери за граѓаните  во остварувањето на нивните права – рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

По поднесувањето на барањето од страна на странката на шалтерот на органот, кој е надлежен за издавање ќе треба во рок од три дена да ги обезбеди другите исправи кои се потребни доколку се доставуваат по електронски пат или во рок од седум дена доколку се доставуваат по писмен пат.

Владиниот портпарол појасни дека на самиот шалтер на органот странката ќе ги подмири сите трошоци кои се потребни за добивање на исправите, а се обезбедуваат од други органи, а не како досега да има обврска на секој шалтер кој издава исправа во секој орган да се плаќа посебно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top