Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат.
Ова за тиражниот грчки весник „То Вима“ го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој истакна дека треба да се стави фокус само на работите кои обединуваат.
-Моментот кога беше ставено вето на нашиот прием во НАТО сигурно не е тој момент…Тоа дефакто сѐ уште е на сила и значително придонесе кон нарушување на билатералните односи. Сѐ што беше пред и после оваа одлука на Грција, беа моменти на приближување на ставовите на двете земји, нешто што сѐ уште е недоволно. Моментите кога имавме, освен разговори преку ООН, и директни разговори помеѓу политичарите на двете земји, исто така даваа надеж. За несреќа, финансиската криза во Грција и севкупниот нестабилен политички амбиент, често во рана фаза ги прекинуваа таквите моментуми. Имам чувство дека вашата јавност е недоволно или несоодветно информирана за состојбите во Република Македонија. Тоа им создава препреки на вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите едни кон други и да гледаме повеќе на работите кои нѐ приближуваат. Верувањето дека со сила или со уцена ќе се наметне нов идентитет на македонскиот народ, е погрешна теза. Таквата позиција ги зацврсти идентитетските одредници на македонскиот народ, затоа што таквиот однос и реализацијата на сето тоа, само предизвикаа претпазливост кај секој еден Македонец. Тие создадоа рефлекси од опасноста да се остане безимен и без она што ние мислиме дека е наш идентитет. Верувањето дека ние сме закана за Грција е целосно неточно. Која закана ја видовте од нас во последните 25 години? Всаденото уверување дека постои забуна на географските поими како што се Република Македонија и вашите региони источна, централна и западна Македонија се исто неточни. Има многу примери во Европа кои го докажуваат спротивното. На пример во Белгија има регион Луксембург. Но отидовме во многу детали, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација