| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски:Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат

реМакедонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Во смисла во која ние во нашата држава ја разбираме, тоа е едноставно реалност.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервју за тиражниот грчки весник То Вима.

-Ние инсистираме на сѐ она што се чувствуваме и што се нарекуваме. Името на нашата држава, на нашата нација, на нашиот јазик. Македонската нација и држава постоеле и ќе продолжат да постојат. Во смисла во која ние во нашата држава ја разбираме, тоа е едноставно реалност, без разлика што мисли Никола Груевски за тоа, така едноставно се чувствуваат граѓаните на нашата држава, и тоа не е ништо страшно ниту пак некој треба да се чувствува загрозен. Никој никогаш со никаков декрет не успеал да укине нечиј идентитет. Станува збор за внатрешно чувство, а вие со лист хартија никому не може да му наложите како да се чувствува. Тукa не станува збор за некакво креирање на македонска нација или држава. Напротив. Тие се реалност. Најчувствителниот момент во разговорите за името е прифаќањето на реалноста и волјата за соработка и градење на добрососедските односи. Доколку се прифати реалноста дека Република Македонија постои и ќе продолжи да постои, доколку се прифати реалноста дека Република Македонија се огради и јасно во својот устав зацрта, и со бројни гестови потврдуваше дека нема какви било територијални претензии кон соседите и дека не бараме никаков ексклузивитет на употреба на името Македонија, тогаш може да се дојде до решение. Доколку на тоа се додаде добра волја да му се помогне на соседот, тогаш не постои никаква пречка нашите две земји да бидат идеален пример на соработка на Балканот- изјави Груевски за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top