Лицата кои имаат проблем со акни и екземи, дерматолозите најчесто ги советуваат да одбегнуваат млечни производи.
Килограми
Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 12.000 деца се покажало дека пиењето млеко придонесува за појава на дебелина. Ова сознание е добра појдовна точка ако се борите со вишок килограми. Престанете да пиете кравјо млеко и веќе сте на добар пат.
Интолеранција
Кога ќе престанете да пиете млеко, вашата дигестија ќе се подобри. Околу 65% од населението кое пати од нетолеранција на лактоза, а имало помал ризик од рак на бели дробови, дојки и јајници – покажало истражувањето од 2014 година објавено во списанието British Journal of Cancer. Еден од заклучоците е дека една од можните главни причини е тоа што тие не консумираат млеко и млечни производи.
Кожа
Лицата кои имаат проблем со акни и екземи, дерматолозите најчесто ги советуваат да одбегнуваат млечни производи.
Коски
Млекото е “познато” по тоа што ги јакне коските. Но, се чини дека повторно сме биле во заблуда. Токму одбегнувањето на млекото и млечните производи ќе ги зајакне нашите коски, заклучило истражувањето објавено во списанието British Medical Journal. Истражувачите откриле дека колку повеќе млеко пиете, толку постои поголема опасност од фрактура на колкот.
Дијабетес
Кога ќе престанете со пиење на млеко, го намалувате ризикот од дијабетес. Немасното млеко и млечни производи го зголемуваат ризикот од дијабетес – бил заклучокот од овогодинешното истражување во кое учествувале 27 илјади луѓе, а резултатите биле објавени во списанието American Journal of Clinical Nutrition.
Веројатно причината треба да се бара во производството на млеко. Имено, недостигот на масти произведувачите го надополнуваат со шеќер, па доколку консумирате немасни млечни производи, со цел – помал внес на масти, бидете сигурни дека тоа не е еден од добрите начини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.