Нови проекти за куќи со различна квадратура се во подготовка и наскоро ќе бидат на располагање на граѓаните кои покажуваат голем интерес во Министерството за транспорт и врски.
– Засега има шест различни проекти за куќи со различна квадратура, но министерот за транспорт и врски неодамна објави дека ќе се направат најмалку уште толку, а можеби и повеќе типови проекти. Со тоа најмалку ќе има уште шест, а веројатно десет или повеќе видови дизајни на куќи со различна квадратура и различна големина- изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Тој прецизира дека граѓаните на овој начин ќе имаат одлична можност да заштедат по околу 2 илјади евра за проект, а оние што имаат пари ќе можат да си нарачаат и проекти по сопствена желба и ќе можат на архитектот да му предложат да изработи план во согласност со нивните желби.
– Многу граѓани немаат доволно средства за тоа да го направат и едвај наоѓаат начин како да дојдат до сопствена куќа преку кредити или слично и не можат да си го дозволат да го платат и проектот. Токму за таквата категорија граѓани Министерството за транспорт и врски и Владата веќе пред неколку месеци објави шест готови типски проекти на куќи, а сега се во подготовка уште најмалку толку, а веројатно и повеќе типски проекти за изградба на куќи со различна големина и квадратура и рзличен дизајн и внатрешно уредување- истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер