| четврток, 6 декември 2018 |

Кјетил Јансруд со победа се враќа од олимписката патека во Јужна Кореја

Alpine Skiing Downhill training Men

Норвешкиот скијач Кјетил Јансруд триумфираше на осмиот спуст во сезоната, прв во историјата што се возеше на патеката во Јеонгсеонг, во Јужна Кореја.
Во овој зимски центар ќе се одржуваат натпреварувањата во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 година, а денешната трка е само прва од планираните 24 теста. За Јансруд, ова беше трета победа сезонава и вкупно 13. во кариерата, а до неа дојде со време од 1:41,38 минути. Само две стотинки побавен беше Италијанецот, Доминик Париз, додека третото место го освои Стивен Најман од САД.

Со овој триумф, Јансрур се зацврсти на третата позиција во пласманот во спуст со 327 бода, зад Петер Фил кој има 365 и лидерот Свиндал со 436.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top