Во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, поп-пејачката Сара Мејс ја отвори третата „Невестинска модна недела“ вчеравечер во Македонскиот народен театар , во организација на Моден викенд Скопје.
Модната ноќ посветена на невестите продолжи со ревиите на косовската модна куќа „Менакон“ зад која стои дизајнерката Надире Зимбери а потоа публиката премиерно ја виде колекцијата „Ретки бисери“ на ателјето за венчаници „Ал Апарел“ како и најновата колекција од „Елизабет дизајн студио“. За прв пат пред македонската публика се претставија ателјето „Влора и Калтрина фешен дизајнерс“ од Косово и косовската дизајнерка Теута Матоши – Дурики која го затвори настанот кој се одржува трета година по ред.
– Среќни сме што по трет пат им ја разубавивме вечерта на сите идни невести и што успеавме да им го олесниме изборот на „најважниот фустан“ како и изборот на другите детали потребни за организирање на свадбениот ден – велат организаторите.
фото: Дими и Ани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.