Бугарија дозволи во петок учество на авионите на НАТО во заштита на нејзиниот воздушен простор, прифаќајќи го амандманот на законот за заштита.
„Заштитата на воздушниот простор го обезбедува бугарската војска, самостојно или заедно со оружените сили на сојузничките земји“, се вели во амандманот усвоен по бруни расправи со 06 гласа ‘за’, 34 ‘против’ и 13 ‘воздржани’.
НАТО веќе ја гарантира воздушната заштита на трите балтички држави.
На почетокот на септември минатата година Романија им дозволи на авионите на НАТО да учествуваат во задачи на воздухопловната полиција, заедно со романското воздухопловство.
Социјалистичката и ултранационалистичката бугарска опозиција жестоко се противи на овој амандман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО