Целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерскиот дом во Битола беше најавена денеска од страна на Никола Груевски.
Проектот ќе започне со реализација на крајот на оваа и почетокот на идната година.
-Би сакал да истакнам и да е совршено јасно дека никогаш не би преземале ниту еден чекор со кој би наштетиле на граѓаните. Нивните потреби ни се најважни и затоа младите во Битола ќе добијат репрезентативно и целосно реконструирана зграда на офицерскиот дом. Го слушаме гласот и волјата на битолчани. МТСП ќе го препушти на владение на општина Битола, која во соработка со Владата ќе изврши целосна реконструкција и ќе се добие зграда со историска и културна вредност и каде ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови. Ќе има просторија и за која битолчани ќе одлучат за што ќе биде наменета. За просториите и начинот на кој ќе се користат ќе одлучат самите битолчани. Ова ќе биде чекор со кој битолчани ќе добијат корисен простор. Општината има изработено проект и ќе преземе процедури за избор на изведувач и кон крај на оваа, почеток на следната, ќе го изведе проектот и ќе започне со градежен зафат – потенцираше Груевски.
Почетната инвестиција, рече Груевски, изнесува околу 2 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.