Со 109,26 милиони пријатели Роналдо е најпопуларната личност на социјалната мрежа „фејсбук“. Тој успеа да ја симне од тронот Шакира која има 104,42 милиони следбеници.
Фудбалерот на Реал Мадрид можеби оваа година не беше прогласен за најдобар на светот, но затоа на социјалните мрежи е многу подобар од „вечната конкуренција“ Лионел Меси. Аргентинската ѕвезда има „само“ 81,9 милиони пријатели.
Повеќе лајкови на „фејсбук“ имаат само официјалните страници на оваа социјална мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.