Пејачката прозбори за својот љубов статус и предизвика вистинска бура од реакции.
Една од најпопуларните теми во регионот во последниот период е љубовниот живот на Светлана Цеца Ражнатовиќ. Во медиумите наголемо се шпекулира дека манекенот Александар Јововиќ е во врска со популарната пејачка. Паралелно со вестите дека Цеца е во врска со манекенот се појавија и некои поинакви информации кои пак наведуваат дека ова е чист маркетинг и дека Цеца го крие вистинскиот идентитетот на нејзиниот љубовник.
На прашање дали е во врска со 16 години помладиот манекен, Цеца одговорила:„Јас сум слободна жена и со својот живот можам да правам се што ќе посакам. Мојот живот е моја работа, а што и да ви одговорам на ова прашање едноставно ќе значи дека ќе го продолжам медиумскиот циркус и повторно нема да верувате во тоа што го зборам“.
На констатацијата на новинарите дека многумина мислат дека целата приказна со манекенот е само параван за врска со некоја „крупна ѕверка“ Цеца одговорила: „Само со еден? Како тоа да не сум во врска со тројца?“, се пошегувала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.