| четврток, 6 декември 2018 |

Полска отвора нова истрага за смртта на претседателот Лех Качински

Experts investigate the wreckage at the site of the Tupolev Tu-154 aircraft crash in Smolensk

Новата влада во Полска повторно отвори истрага за смртта на претседателот Лех Качински, кој во 2010 година загина во авионска несреќа во Русија. Во одлуката за отворање на нова истрага се наведува дека причината за несреќата може да биде експлозив, а тоа дополнително би можело да ги затегне односите на Варшава со Москва.

Истрагата на претходната влада покажа дека станува збор за пилотска грешка, но сегашната владејачка партија на чело со братот-близнак Јарослав Качински смета дека причината за несреќата може да биде експлозив во авионот.

Министерот за одбрана најавувајќи ја одлуката наговести дека причината за несреќата може да биде експлозија.

– Авионот се распадна во воздух – рекол министерот Антони Мациервич

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top