На барање на министерот за внатрешни работи на Република Македонија во земјава пристигнаа 25 членови од полициската единица на Република Словачка кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница.
– Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, информира Словачката амбасада во Скопје.
Оттаму прецизираат дека со испраќањето на 25. полицајци Словачка ќе биде најголем придонесувач по глава на жител од шесте земји кои испратија свои полициски сили на македонско-грчката граница како израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска