Шпанските здравствени власти соопштија дека една бремена жена е заразена со вирусот Зика, што е прв таков случај во Европа.
Министерството за здравство во Мадрид соопшти дека жената допатувала во Шпанија од Колумбија, каде веројатно се заразила. Властите не го откриваат идентитетот на бремената жена, освен што објаснуваат дека таа живее во свероисточниот дел на Каталонија.
Шпанските власти уверуваат дека нема место за паника и дека Шпанија не се соочува со епидемија како што веќе има во некоја од емјите на Латинска Америка.
Вирусот Зика прв пат се појави во Бразил, во мај минатата година, но потоа забрзано почна да се шири низ земјата и низ целиот континент. Сега вирусот е раширен во 14 земји од Латинска Америка и Карибите.
Дури 80 отсто од инфицираните не знаат дека се заболени, затоа што неговите симптоми наликуваат на послаб облик на грип. Најголемата закана е за бебињата, што се раѓаат од мајки кои биле заразени од зика, додека биле бремени. Бебињата се раѓаат со ненормално мали глави, како и со помал мозок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.