Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.
Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денеска слави 50 години.
Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов собра тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. Новата избедба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски, а музички продуцент Будимка Имери. (http://bit.ly/makedonskonevence)
Изведбата е на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, допринесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.
Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.