Неодамнешното истражување покажа дека многумина ја занемаруваат хигиената кога станува збор за пижамите. Резултатите покажаа дека просечниот маж пижамите ги става во корпата за валкани алишта по 13 дена, а просечната жена дури по 17 дена.
Проблемот е во тоа што пижамите се во директен контакт со кожата и на нив многу брзо се пренесуваат бактериите. Освен тоа, клетките на кожата постојано се обновуваат, а оние кои паѓаат завршуваат на пижамите па заедно со присуството на пот на нив се сервира коктел кој бактериите го обожуваат, па затоа и енормно се размножуваат.
Нередовното перење на пижамите може томку поради тоа да ја влоши состојбата на кожните и уринарните инфекции. Експертите предложуваат пижамите да се перат еднаш неделно, а ако сме болни, имаме уринарни инфекции, некаква кожна инфекција, често сме исфрлени со мозолчина по телото и сл. или се препотуваме често во текот на ноќта, тогаш потребно е почесто да ги переме пижамите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.