Иман, сопругата на покојниот легендарен музичар Дејвид Боуви, видена е на улиците на Њујорк, првпат по смртта на сопругот.
Во оваа пригода Иман го прошета нивното куче Макс, кој е многу посебно. Имено, Макс, има очи во различна боја, исто како што имаше и Боуви.
Тој имаше таканаречена анизокорија, состојба што се карактеризира со различна величина на зениците. Зеницата на левото око му беше трајно зголемена. Тоа создаваше илузија дека очите му се со различна боја и дека има светли очи.
Иман и Дејвид биле одушевени од кучето, кое имало сличен проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.