Mалиот Јован, кој свирејќи на својата електрична гитара на градскиот плоштад во Скопје и собираше пари за лекување на малата Ели, дефинитивно е херој и вистински пример за хуманост.
Јован собра точно 8.774 денари кои веднаш ги донираше на сметката за лекување на малата Ели, со помош на неговата мајка.
Токму поради овој гест на Јован, композиторот и сопственик на музичкото студио „Ентерпрајз“, Валентино Скендеровски, му додели доживотна стипендија со која во иднина ќе може да го кали својот талент, објави „Телеграф“.
– „Ентерпрајз“ постои од 2002 година, и досега низ него поминале многу деца. Кога го видов малиот Јован со гитарата поголема од него, кога прочитав зошто свири на плоштад, морници ми поминаа. Секој од музичарите има трема пред настап, а речиси секогаш настапуваме со некаква придружба, без разлика дали се работи за рок-бенд или каква било музичка формација. Ама да видиш толку мало дете, дека собрало храброст само да свири?! Не се двоумев, веднаш ѝ напишав порака на неговата мајка, чијшто линк од профилот веќе го имаше наведено. Ја прашав дали некаде досега учел, дали учи музика. Ѝ реков дека тој е мој херој и дека во моето училиште има доживотна целосна бесплатна стипендија за да учи да свири гитара. Ми се наполни душата, среќен сум што во некој од идниве денови ќе запознаам едно огромно срце, сместено во некое мало детуле што сака да свири. В сабота ќе почне со следење на првите часови во „Ентерпрајз“ – вели Скендеровски за „Телеграф“.
Осумгодишната Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.
Ели и нејзините родители сѐ уште имаат потреба од финансиска помош, па доколку сте во можност, може да донирате пари на следниов начин:
070/143-111 – само за корисниците на Телеком
077/143-775 – само за корисниците на ВИП
075/143-114 -само за корисниците на ОНЕ
Сметка за Ели:
-Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска
-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKA
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“