Осудената Плејбој зајачица Енџи Ву Ха открила дека во затвор се свртела кон Господ и Библијата за да му се спротивстави на лезбијско искушение.
Виетнамската кралица на убавината уапсена е на њујоршкиот аеродром минатата година додека со деветгодишната ќерка се обидувала да избега од САД во Кина.
Старлета се соочуваат со обвинение за киднапирање на дете во Франција поради тоа што не ја вратила ќерката на нејзиниот поранешен сопруг Ричард Фрогер кој го има старателството врз нивната ќерка.
По три месеци во затвор, триесет и две годишната убавица открила дека молитвата и помага да апстинира од секс.
-Овде има многу лезбијки и неколку русокоси веќе се обидоа да бидат интимни со мене. Но засега одбирам да ја читам Библијата. Таа ми помогна да сфатам колку сум силна. Мислев дека нема да можам да издржам два дена без секс, а сега веќе поминаа три месеци. Го пронајдам господ и тој ме спаси. Поголемиот дел од времето тука го поминувам во молитви и читање Библија – изјавила Енџи која се наоѓа во притвор во Бруклин со уште 100 затворенички.
Убавата бринета вели дека покрај молитвата и вежба како луда за да ја одржи линијата но и за да може да се одбрани.
-Се обидувам да не влегувам во расправии. Рака на срце, мислев дека затворот ќе биде далеку полош. Пред ова, видов само на телевизија и читав за групни силувања и тепачки и се заколнав дека ќе се бранам по секоја цена.
Таа се уште не знае кога ќе се најде на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.