Цеца Ражнатовиќ најави тужба против Воин Ражнатовиќ, син на нејзиниот покоен маж Аркан.
Нејзините зборови дека ќе бара правда преку суд, него не го вознемириле.
-Она кога знаеш дека те тужи криминалец.Српска маќеа-напишал Воин на Фејсбук и ја објави сликата на Цеца од затвор.
Инаку пејачаката реши да реагира, дури откако Воин почна да ја прозива неа и нејзиното 16 години помладо момче Александар Јововиќ.
-Медиумите на Цеца ја промовираат лагата дека го напаѓам нејзиното ново момче. Напротив, јавно признавам дека сум еден од најголемите фанови на нивната врска. Дај Боже со овој манекен да и помине она што не успеа со претходниот, а тоа е венчавка. Се плашам дека ова е последна можност српската маќеа конечно да го промени презимето и да го ослободи семејството Ражнатовиќ од срам. Плус убаво звучи Светлана Цеца Јововиќ-напишал Воин на Фејсбук.Пред тоа иронично пишуваше дека Цеца ќе го води момчето во Дизниленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.