| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Месечарка“ со Ана Дурловски номинирана за оперски оскар

Операта „Месечарка“ на Операта во Штутгарт, во која главната улога ја толкува нашиот сопран Ана Дурловски, е номинирана за најдобра нова продукција за оперски оскари, кои ќе се доделуваат на 22 април во Лондон. Дурловски за улогата на Амина во „Месечарка“ на крајот од минатата година ја доби престижната германска театарска награда „Фауст“ за најдобар оперски пејач, која, според критиката, се смета за „Оскар“ во музичкиот свет. Нејзината оперска куќа во Штутгарт е номинирана и во една од најпосакуваните категории – „најдобра оперска куќа“ заедно со Операта во Франкфурт, Националната опера на Лион, театарот „Станиславски“ во Москва и Театарот на реката Виена во австрискиот главен град. Освен „Месечарка“, во категоријата нова продукција се номинирани и „Жената без сенка“ и „Питер Грајмс“ на Миланската скала, „Легендата за невидливиот град Kитеж“ на Холандската опера, „Норма“ на Операта од Лидс и „Лулу“ на белгиски „Ла Моне“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top