Наум Деспотовски (66), македонски поп во црквата во сиднејската општина Рокдејл, е осуден на 12 месеци условно поради физичка пресметка со Зоран Бочкароски. Нивната вербална караница завршила со тоа што попот го фатил за врат Бочкароски, а овој поднел тужба.
Сѐ се случило на 17 ноември минатата година кога Бочкароски сликал со својот мобилен телефон во дворот на црквата „Света Петка“, а попот Деспотовски сметал дека е забрането фотографирањето и му ги побарал снимките. Овој одбивал тоа да го стори, по што попот во фатил за врат. Судот му одредил условна казна од 12-месечно добро однесување и неповторување на делото.
И овој инцидент е дел од актуелните недоразбирања во Австралија со црковните надлежности на МПЦ и активностите на владиката Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.