Малиот Јован Дукмеџиев од Скопје е вистински пример за несебичност и хуманост.
Тој со својата гитара, во која е вљубен уште од мали нозе, свиреше на скопскиот плоштад и собра одлична сума на пари која ја донираше за лекување на малата Ели.
Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.
Јован собра точно 8.774 денари кои веднаш ги донираше на сметката за лекување на Ели, со помош на неговата мајка.
-Идејата дојде спонтано, направивме транспарент и отидовме на плоштад додека беше убаво времето. Кога станавме тоа утро, му предложив на Јован дали сака да свири на плоштад и собраните парички да ги донираме за Ели за да се лекува во Америка. Тој само рече Yes, great ideа – вели за „Курир“ мајка му на 8-годишниот Јован.
Доколку и вие сакате да помогнете, може да донирате на следните сметки.
Да донираме на:
070/143-111 – само за корисниците на Телеком
077/143-775 – само за корисниците на ВИП
075/143-114 -само за корисниците на ОНЕ
Сметка за Ели:
-Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска
-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKA
Да помогнеме сите ние Ели да го продолжи своето детство безгрижно, како што заслужува секое дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“