| четврток, 6 декември 2018 |

Кралскиот театар од Цетиње вечерва гостува во МНТ

Вечерва, во 20 часот, во Македонскиот народен театар гостува Кралскиот театар „Зетски дом“ од Цетиње, кој ќе ја изведе претставата „Жабар“ од Рајнер Вернер Фасбиндер.

„Жабар“ е едно од првите остварувања на Фасбиндер и за него таа претставува отскочна штица во понатамошната работа. Овој текст на Фасбиндер, иако напишан во шеесетите години од минатиот век, е основа за соочување со бруталностите, лагите, конструкциите и фобиите на современото општество и на неговите млади, обично заборавени луѓе, деликвенти кои ги загубиле своите компаси, но и понатаму знаат каде се вистинските страни на нивните мали светови, само тешко дека можат да ги најдат во затемнетата визба на денешнината.

Во оваа претстава игра млада, нова, храбра и талентирана генерација црногорски актери која навистина ветува.

Режија: Лидија Дедовиќ и Петра Вебер

Режисерката Лидија Дедовиќ е директорка на Кралскиот театар „Зетски дом“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top