Фудбалерот на Рома и капитен на Босна и Херцеговина Един Џеко и неговата долгогодишна девојка Амра Силајџиќ стаа родители.
Популарниот “дијамант“ и неговата избраничка добија ќерка, а тоа го потврди фудбалерот на друштвените мрежи.
Родителите на детето му го дадоа името Уна и веднаш објавија фотографија каде што се сите тројца заедно.
Поради таа причина Џеко го пропушти синоќешниот натпревар против Сасуоло, кој Рома и без негова помош го доби со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





