| четврток, 6 декември 2018 |

„Јаху“ намалува 1.500 работни места

Американската Интернет компанија „Јаху“ ќе го намали бројот на вработени за 15 отсто, односно приближно 1.500 работни позиции.

YAHOO_headquarters

Компанијата посочи дека поголемиот дел од намалувањата ќе бидат извршени во првото тримесечје од оваа година. Компанијата поставува за цел до крајот на годината да располага со 9.000 службеници со целосно работно време и под 1.000 вработени со половина работно време.

На крајот на септември во „Јаху“ работеа 10.700 службеници со цело работно времо и околу 800 хонорарци.

Компанијата објави дека сака да ги концентрира производите врз три големи платформи – „Јаху срч“, „Јаху мејл“ и „Тумблир“ и врз четири големи теми – вести, спорт, финансии и лајфстајл.

Приоритетни ќе бидат растечки пазари како САД, Канада, Велика Британија, Германија, Хонг Конг и Тајван. Компанијата ќе ги затвори канцелариите во Дубаи, Мексико, Буенос Аирес, Мадрид и Милано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top