| четврток, 6 декември 2018 |

Пилот спаси 74 патници откако силна експлозија разнесе дел од трупот на авионот

avion somalija

Српскиот пилот Владимир Водопивец (64) успеал безбедно да приземји патнички авион со 74 патници и членови на екипажот на аеродромот во Могадишу, откако експлозија разнела дел од трупот на авионот. Светските медиуми оценуваат дека пилотот направил нешто невозможно затоа што инцидентот минал без жртви.

Експлозијата, која се случила за време на летот, го оштетила десниот дел од трупот во близина на крилото.

– Половина час по полетувањето од аеродромот во Сомалија, на 3.300 метри надморска височина се слушна страшна експлозија. Патниците почнаа да викаат, а јас веднаш се вратив на аеродромот. За среќа, никој не е потешко повреден – раскажува Водопивец.

Пилотот им ја раскажал драмата на своите пријатели од Белград, а дека ситуацијата не била воопшто наивна сведочат и фотографиите од оштетениот авион.

avion somalija

Авионот на компанијата „Дало ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот само неколку минути по полетувањето на аеродромот Аден Аде во Могадишу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top