Жена со име Милена, комерцијалистка од Умаг, Хрватска, за dnevnik.hr откри дека во една пригода многу се скарала со својот сопруг и тоа поради Здравко Чолиќ.
-На првиот концерт на Здравко во Љубљана отидов со мојот сопруг. Тој седеше на трибините, а јас во првите редови. Пеев, играв, скокав, и во еден момент, Здравко се наведна и ми подаде шише со вода. Мојот сопруг, кој никогаш дотогаш не бил љубоморен, едноставно полуде! Се скаравме и не зборувавме речиси еден месец. Оттогаш веќе не оди со мене на концертите на Чола, но голем човек е и ја прифати мојата љубов кон него. Благодарна сум му поради тоа, затоа што живеам за концертите на Здравко- раскажа жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.