| четврток, 6 декември 2018 |

Богата наследничка има две години и оди во луксузен шопинг!

тамара

Тамара Еклстон е позната по неуморното трошење на пари, но откако ја роди наследничката Софија, конечно има пријателка со којашто редовно оди во скап шопинг.
Тамара во изминатиов период заедно со ќерката Софија била редовен посетител на шопинг моловите во Дубаи. Очигледно е дека и двете избирале исклучиво само брендирани парчиња и чанти, иако Софија има само две години.

И иако Тамара до неодамна тврдеше дека е одлучна за да го воспита своето дете во скромен дух, судејќи според овие фотографии, очигледно е и дека набрзо се откажала од таквата одлука.

Па, каква мајка, таква ќерка. И двете дами со сигурност уживаат во шопингот, а Тамара не штеди ниту еден долар кога се работи за нејзината “маза”. Всушност, уште од самото раѓање таа ѝ купува исклучиво само скапа и брендирана облека.

Во нејзиниот гардеробер може да се најдат исклучиво само престижни брендови, од кошули и бодиња, преку чевли, па сè до аксесоари.

tamara

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top