Невладините организации “Арт Лајф”, “Уметност на живеење Македонија”, “Банка за храна Македонија” и “СУНА”, заедно со ОУ “Гоце Делчев“ –Центар, Скопје организираат хуманитарна акција за собирање на храна и облека во период од 15.04 до 26.04.2013 година.
Целта на оваа хуманитарна aкција е подигнување на свеста кај дечињата од најмала возраст, развивање својата хуманоста, но и желбата да помогнат на другите, на оние кои имаат помалку или воопшто немаат.
Во акцијата ќе се собира најразновидна храна и облека. Организаторите на акцијата ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, родители, здруженија, фирми да земат учество во оваа акција и да ја поддржат. Целата собрана хуманитарна помош ќе биде донирана во “Дневниот центар за децата на улица” во Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


