Апокалипса или само знак од небото, се појави Божја рака.
Минатиот понеделник на небото над португалскиот остров Мадеира забележан е несекојдневен феномен, кој помалку го исплаши локалното население.
Џиновски „огнен облак“ се надви над Мадеира, потсетувајќи на апокалиптичните сцени од научнофантастичните филмови.
Меѓу првите, појавата ја забележал блогерот Режерио Пачеко, која фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
Секако, веднаш се јавија бројни теоретичари, кои понудија најневеројатни и најразлични објаснувања за појавата на облакот. Некои облакот го споредија со „Божја рака“, додека оние гејмерите необичната појава на небото ја споредија со играта „Фајнл фантази“.
– Штом го видов небото, го грабнав фотоапаратот. Бев шокиран од она што го видов… такво нешто гледате еднаш во животот – рече Пачеко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.