Луѓето во Москва беа во можност да го видат вчудоневидувачкот облак кој е мешавина од црвена и златна боја го покри цел град, давајќи им на вљубениците во фотографијата можноста да направат импресивни снимки.
Се почна прилично рутински, со едноставен прекрасен залез над главниот град на Русија кој веќе подолго време поради дождот немаше видено ведро небо.
Меѓутоа околу 20 часот се покажа дека природата има нешто посебно за локалните жители. Голем облак, сличен на памук се појави на покривите и очигледно можеше да се види од секој дел од најголемиот руски град.
Оваа предизвикувачка глетка не можеше да помине незабележано, па фотографии веднаш ги преплавија социјалните мрежи.
Некои од оние кои објавиле слики од овој деномен, меѓутоа не биле во романтично расположение, наведоа дека џиновскиот облак кој е осветлен со темноцрвен залез не не ништо друго тука знак на апокалипса.
Други мислеле дека небото е запалено и дека е време да се повикаат пожарникари.
И конечно, имало и такви кои едноставно го почитувале ова спектакуларно парче природа.
извор тв орбис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.