| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 60 загинати и 900 повредени во земјотресот во Иран

Најмалку 60 луѓе загинаа, а повеќе од 900 се повредени во најсилниот земјотрес што го погодил Иран во последните 35 години со јачина од 7,8 степени според Рихеровата скала.

Епицентарот на земјотресот беше во пустинскиот дел на државата во близина на границата со Пакистан поради што жртви имало и во двете земји. Во Иран се регистрирани 40 загинати, а во Пакистан 34, меѓу кои и пет деца. Официјални лица проценуваат дека бројот на жртви може да биде многу поголем и да стигне до неколку стотици луѓе. Разорниот земјотрес се почувствувал дури до Њу Делхи на исток и до Дубаи на запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top