Утре (среда, 3 февруари) во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат соопштени добитниците на наградите „Стале Попов“, за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга, „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.
Наградите на ДПМ се доделуваат за најуспешни остварувања од издавачката продукција во минатата година. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 12 февруари, на Свечениот собир по повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.
За доделување на годишните награди на ДПМ решаваа пет жири комисии составени од академици, универзитетски професори, критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасевски, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија