| четврток, 6 декември 2018 |

Експресно евакуиран аеродромот во Њујорк поради сомнителен пакет

Аеродромот во Њујорк, „Ла Гвардија“ е експресно евакуиран откако е објавена информација дека во него има пакет со сомнителна содржина, јавуваат американските медиуми.

Централниот терминал на аердоромот во КВинс повторно бил отворен за патници по проверката која траела дваесетина минути. Во Њујорк, како и во сите други поголеми градови во САД, е зголемено нивото на безбедност поради експлозијата на бомба на маратонот во Бостон, при што загинаа тројца, а повредени се повеќе од 180 луѓе.

Во меѓувреме се прошириле и информации дека авион на „Ју-Ес ервејс“ бил приземјен на бостонскиот аеродром „Логан“ од безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top