| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот зика

Хондурас денеска прогласи вонредна состојба, откако властите соопштија дека бројот на заразените со вирусот зика достигнал алармантно ниво.

zika-virus

Од првиот случај на 16 декември, вирусот е регистриран кај уште 3.649 луѓе, изјави министерот за здравство Јолани Батрес и додаде дека бројот на заразените со вирусот тројно се зголеми изминатите три дена.

Батрес не спомна ниту еден случај на новороденче родено со микроцефалија, односно абнормално мала глава.

– Бројот на заразените алармантно расте секој ден – изјави Батрес.

Вирусот зика предизвикува симптови слични на грип и осип и е мошне благ, така што останува незабележан во 70 до 80 отсто од случаите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top