Вчера попладне во 17.55 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Новачки пат“ и ул. „Индустриска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ТАМ“ со битолски регистерски ознаки управувано од Д.Д. (58) од с.Долно Оризари, Битолско, и мопед „хамачи“ со битолски регистерски ознаки управуван од В.Ѓ. (38) од Битола.
В.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Битола, каде што од страна на лекар била костатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Битола.
По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.