Големата победа од 3-0 во градското дерби над Интер значително ја подобри атмосферата во редовите на Милан. Газдата Силвио Берлускони задоволно го гледаше триумфот од трибините на „Сан Сиро“, по мечот се фотографираше со фудбалерите во соблекувалната, за на крајот да му искаже и зборови на поддршка на тренерот Синиша Михајловиќ, кој во текот на целата сезона се соочува го гласни критиките поради променливите игри и резултати на „росонерите“.
– Морам да му честитам на Синиша Михајловиќ, ова беше навистина голема победа. Тој сега може да здивне бидејќи работата му е сигурна, добро познато е дека векот на тренерите зависи од резултатите, а нам оваа победа ни беше многу потребна. Знам дека Милан може да биде уште подобар, очекувам тоа да се случи во периодот што следи – изјави Берлускони.
Милан со оваа победа се искачи на шестото место на табелата со 36 бода, само шест помалку од Фиорентина, која се наоѓа на третото место, кое значи и квалификации за ЛШ за следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим