| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини ќе паузира на еден меч по исклучувањето со Милан

roberto mancini

Тренерот на Интер, Роберто Манчини заработи суспензија од еден натпревар од Дисциплинската комисија на Серија А, по исклучувањето на неделниот натпревар против Милан поради протест кон главниот судија. Освен суспензијата од еден натпревар Манчини треба да уплати и 5000 евра казна.

Манчини жестоко реагираше кон главниот судија кој не досуди пенал по стартот на Донаруме над Едер. По консултација со делегатот, делителот на правдата го упати Манчини кон трибините.

Може да се каже дека стратегот на Интер и добро мина, ако се знае дека делегатот по натпреварот потврди дека Манчини навредувал на разни начини, а притоа при напуштањето на теренот покажа и среден прст кон дел од навивачите на трибините.

Манчини ќе го пропушти натпреварот од 23. коло во Серија А кој Интер на домашен терен го игра против Киево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top