| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се изненадите кога ќе дознаете колку се (не) образувани познатите естрадни личности

Основно училише завршиле Дара Бубамара и Весна Змијанац, Љуба Аличиќ, Ера Ојданиќ, Зорица Марковиќ, Злата Петровиќ и Северина, која изјавува дека некое време и се запишала на средната музичка школа во Сплит,  но брзо се отпишала.

sasa-popovic-dara-severina-ydravko-foto-srbijadanas

Здравко Чолиќ е дипломиран економист, Сузана Манчиќ завршила правен факултет, додека Неда Украден има две факултетски дипломи.  Многу ѕвезди од Србија, Босна и Хрватска на време сфатиле дека за нив нема леб на училиште и не губеле време на понатамошно стручно усовршување.

Zdravko-oli-Neda-Ukraden-Suzana-Man-i--650x433

Најголем број од пејачите завршиле средно образование – Цеца е земјоделски техничар, Халид Муслимовиќ е метало-стругар, Синан Сакиќ- електро заварувач, а Дино Мерлин работел како бравар.

ceca-snimanje-spota-m-nadezdin-3-650x433

Средно трговско училиште имаат Јелена Карлеуша, Драгана Мирковиќ, Мира Шкориќ, а Сека Алексиќ е фризерка.

На листата на пејачи апсоловенти се наоѓаат: Миле Китиќ кој студирал на ДИФ, Горан Брековиќ кој е несуден дипломиран филолог, Бајага имал запишано југословенска книжевност, а Харис Џиновиќ имал запишано право.

lZQ9c

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top