Од почетокот на јануари ЈСП почна со продажба на неперсонализирани електронски картички, наречени “Скопска” кои се без фотографија на носителот. До сега се продава само персонализирани картички со фотографија наречени “Моја Скопска”.
Продажбата на овие картички се врши на билетарите на ЈСП, а новина е тоа што наскоро ќе почне продажба и на 35 локации на мастер дилерот на ЈСП кој наскоро ќе биде објавен. Тоа ќе бидат локални мали маркети каде што пазаруваат скопјани и каде што дополнуваат сметка за мобилен. На самиот старт бројката ќе биде 35, а понатаму ќе се шири мрежата на ЈСП.
Важно за неперсонализираната картичка е тоа што таа не содржи лични податоци, односно неа може да ја користат и останатите членови на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.