Популарната хрватска водителка Николина Пишек Ристовиќ е мајка на две ќерки. Николина од првиот брак ја има 18-годишната Хана, а со сопругот Видоје Ристовиќ ја има ќеркичката Уна Софија, која има помалку од една година. Зафатената мајка го изрази својот став во однос на прашањето дали мајката треба да работи додека се грижи за своите деца или не.
-Мислам дека за мајката и не е здраво да се занимава само со детето. Тоа може кај неа да предизвика чувство на незадоволство и фрустрации. Треба да ги реализира и другите планови. Покрај семејството, мора да има и работа, хоби, да оди на тренинг – рекла Николина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.