| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ организира „Месец на љубов и вино“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје  ја најави својата нова акција „Месец на љубов и на вино“. Во склоп на акцијата, со големи попусти ќе бидат понудени два ексклузивни пакети со книги. Исто така, од 1 до 29 февруари, за секоја сметка над 1000 денари „Антолог“ им подарува на своите читатели – шише вино „антологиско“!

 Првиот пакет, со име Сеќавање на љубовта, ги содржи книгите „Невидливи љубови од Владимир Јанковски, „Трипати взори на Алесандро Барико, „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна и „Појадок кај Тифани од Труман Капоти. Овој пакет ќе биде намален од 1100 на 699 денари. Со вториот пакет, именуван Дај две, љубовни!, се добиваат книгите „Габриела, каранфилче и цимет од Жорже Амадо, „На плоштадот Дијамант“ од Мерсе Родореда, „Зарем плачеше?“ од Даче Рукшане и ангологијата „Дај две, љубовни!“. Пакетот ќе биде намален од 1120 на 799 денари.

 –Во нашиот Книжевен центар секогаш пригодно ги одбележуваме најголемите празници. По повод месецот на љубовта и на виното, ги подготвивме овие специјално обмислени пакети, како и виното ‘антологиско’, кое е одличен подарок – за да ги стопли читателите во студените денови и со него да си ги честитаат празниците што се одбележуваат месецов, соопштуваат од „Антолог“.

 

 

Виното не е за продажба, претставува ексклузивен подарок што од неодамна „Антолог“ почна да им го доделува на своите странски и домашни соработници. Замислата е ова репрезентативно и висококвалитетно македонско вино да биде инспирација за многу пријатни творечки и животни моменти.

 

Акцијата важи само во просториите на Книжевен центар „Антолог“, улица „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1.Koличините се ограничени.


 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top