Товарниот брод Модерн Експрес, регистриран во Панама, минатиот вторник доживеа хаварија северно од францускиот атлански брег и оттогаш се повеќе странично се навалува, а му се заканува и заринкување, бидејќи спасувањето завршило неуспешно.
22 лица од екипажот на Модерн Екпрес се успешно спасени од бродот и префрлени на копно, но бродот во последната една недела се навалил за 50 степени на едната страна.
Сите досегашни обиди за сигурно одвлекување на некое пристаниште пропаднале, а закажан е уште еден нов обид, пренесува „Би- Би-Си“.
– Тој брод сега е невозможно повторно да се исправи – истакна Емануел де Оливеира од француската Атланска морска префектура (Atlantic Maritime Prefecture).
Невремето и немирното море го оневозможило новиот обид за спасување, а поради невреме минатата недела се скинал и кабелот за влечење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.