| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките земјоделци одбиваат да ги укинат блокадите

страјк

Земјоделците во северна Грција одбиваат да стават крај на нивните протести против планот за пензиските реформи, ако Владата не ги повлече своите предлози. Бројот на блокади на патиштата во северна и северозападна Грција се зголеми во текот на изминатите неколку дена и земјоделците планираат да го покажат своето незадоволство за време на генералниот штрајк во четврток, кога ќе се приклучат на протестите во поголемите градови во земјата.

-­ Најдоброто нешто што Владата можеше да го стори е да поднесе оставка- изјави за „Катимерини“ Стергиос Литос, земјоделец кој ја предводи блокадата на царинскиот пункт во Промахонас, на грчко­бугарската граница. ­ Сепак, пред да се случи тоа ние сакаме лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис и другите партиски лидери да усвојат јасен став за прашањата ги покренавме, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top