Ветеранот на голот на шпанската ракометна репрезентација, Арпад Штербик, кој е член на македонскиот клуб Вардар, нормално, беше разочаран по убедливиот пораз (24-17) во финалето на Европското првенство во Полска. Германија едноставно не и даде никаква шанса на „црвената фурија“ да се надева на златото, а тоа го потенцираше и самиот Штербик.
– Не бевме ни блиску за да се бориме за златото. Уште од самиот старт Германците наметнаа свое темпо и поведоа, а ние не можевме да ги следиме. И не беше тоа прашање на тактика или на умор, туку на проблеми во нашите глави. Направивме премногу грешки, и тоа Германија знаеше да го искористи – изјави Штербик по поразот во финалниот натпревар.
Третото место на шампионатот го освои селекцијата на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финалето на Копа Либертадорес би можело да се играат во Европа
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија