| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров со најмногу гласови за дрим-тимот на ЕП

kire-lazarov-nova-640x433

Кире Лазаров е нa добар пат да биде избран за најдобар десен бек на Европското Првенство во Полска, откако беше обелоденето дека македонскиот ас собрал најмногу гласови од страна на ракометните фанови ширум Стариот континент. Нашиот капитен за конкуренти на својата позиција ги имаше Македа, Вајнхолд, Јакобсон и Рајнкинд, а лицата задолжени за гласањето преку официјалниот инстаграм профил обелоденија дека токму Лазаров собрал најмногу гласови од публиката кога станува збор за неговата позиција во тимот.

– Победник при гласањето за најдобар десен бек на ЕВРО 2016 е Македонецот Кирил Лазаров – открива официјалниот инстраграм профил на европскиот шампионат.

Гласањето беше официјално завршено во текот на денешниот ден, а организаторите обелоденија дека примиле вкупно 57.131 глас.

kire lazarov

Ваквиот развој на настаните не значи и дека Лазаров сигурно ќе се најде во дрим-тимот, бидејќи при изборот за најдобрите покрај публиката ќе гласа и стручно жири. Гласовите ќе бидат собрани денеска, а „идеалниот тим на ЕП 2016“ ќе биде обелоденет при завршната прес-конференција на шампионатот, чиј почеток е закажан за 12 часот.

Само за потсетување, Кире Лазаров постигна 42 погодоци на шесте средби на Македонија на овој шампионат, со што моментно се наоѓа на третото место на листата на стрелци, зад Шпанецот Валеро Ривера кој моментно води со 47 погодоци, четири повеќе од германското крило Тобијас Рајхман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top