Цените на нафтата ќе доведат до кратење на инвестиците во Русија и може да предизвикаат намалување на производството на нафта, смета потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович. Сепак, според Дворкович, државата нема да интервенира за да го урамнотежи пазарот, јави Ројтерс.
„Корекциите на инвестициите се неизбежни во услови на исклучително ниски цени на нафтата, што на крај ќе резултира со намалување на производството. Тоа нема да биде акција која е во фокус на владата. Пазарот во суштина сам се регулира и се прилагодува, но тоа ќе доведе до стабилизација на цените на повисоко ниво од сегашното“, рекол Дворкович .
Тој додал и дека нафтениот сектор на Русија е во фокус на приватните компании и дека не е под контрола на државата.
„Поседуваме одреден дел од интерес, но пазарот во целост го регулираат одлуките на поедини компании. Така ќе биде и во иднина“, порачал Дворкович.
Доколку периодот на ниски цени на „црното злато“ потрае, рускиот пазар, според неговата оценка, ќе биде во состојба да се прилагоди на производството и нивото на инвестиции.
Дворкович смета дека просечната годишна цена на нафтата од помеѓу 20 до 24 долари за барел не е реална, и дека во оваа година веројатно ќе биде над актуелното ниво пордади намалувањето на глобалното производство.
„Премногу фактори влијаат на пазарот и цените на нафтата се всушност непредвидливи“, дециден е Дворкович.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.